Спорт плус
10. August 2016 - 13:11

Рио 2016: Блажевски на стартот во квалификациите на 200 мешано

Македонскиот пливач Марко Блаажевски денеска ќе го има својот настап на Игрите во Рио. Тој попладнево ќе плива во квалификациите на 200 метри мешано во првата од четирите групи. Во оваа дисциплина се пријавени 31 пливач. Стартот на трката е во 19:09 часот по македонско време (14:09 часот по локално).
Блажевски на Игрите е пријавен со време 2:03.66 минути, а на 15.јули во Гринсборо исплива нов македонски рекорд 2:02.98 минути со што го подобри и сопствен рекорд.
За Блажевски ова е втор настап на Летни Олимписки игри откако претходно во Лондон 2012 година пливаше на 400 метри мешано и го освои 34.место.