РИК на Србија привремено го стопираше изборниот процес
![]()
Републичката изборна комисија (РИК) на Србија донесе одлука да ги прекине сите изборни активности за спроведување на парламентарните избори во земјата, јави дописникот на МИА од Белград.
РИК во согласност со Уредбата за мерките за време на вонредната состојба, донесе Одлука за стопирање на сите изборни активности при спроведување на изборите за народни пратеници во Народното собрание, кои се распишани за 26 април, соопштија од РИК.
-Со оваа одлука привремено се прекинува изборниот процес додека трае вонредната состојба предизвикана од ширењето на коронавирусот и тој ќе продолжи откако ќе се донесе решение за прекинување на вонредната состојба, изјави претседателот на Републичката изборна комисија Владимир Димитријевиќ.
Српскиот претседател Александар Вучиќ на 4 март ги распиша парламентарните избори за 26 април, кога треба да се одржат и покраинските и локални избори.
Вонредната состојба поради ширење на коронавирусот во Србија беше воведена во неделата вечерта, на 15 март.
Повеќе политички субјекти, вклучително и оние кои го најавија бојкотот на изборите, претходно ги прекинаа активностите и побараа одложување на изборите.
Ново на Сител
-

Приведен Артан Груби на Блаце
-

СДСМ: ДУИ го спасува Мицкоски, кој се смее додека приведуваат
-

Премиерот Мицкоски ја отвори Конститутивната седница на Советот за иновации
-

Рекорден број крводарувања во Штип, лани собрани над 5500 крвни единици
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
