Ријана и Леонардо ди Каприо фатени во слатко шепотење

Познатата пејачка Ријана и актерот Леонардо ди Каприо повторно се „уловени“ заедно.
Имено, како и сите други познати личности и тие се појавија на славниот музички фестивал „Коачела“. Иако се обидуваа да се скријат од погледите на љубопитните, Ријана со очилата за сонце, а Лео со капа, сепак не можеа да останат незабележани, па нивната „дружба“ повторно поттикна гласини дека се заедно.
Иако Ријана не се вклопува во типот на жени на кои „паѓа“ славниот Оскаровец, се чини дека Ди Каприо никогаш неможел да и одолее на пејачката, а првите гласини за тоа дека меѓу нив „има нешто“ се појавија во јануари 2015 година.
Но, Леонардо набрзо започна врска со манекенката Кели Рорбак, а наводно и ја побарал и за жена, но врската не траеше долго. Кели набрзо се замина и почна со снимање на филмската адаптација „Чувари на плажата“, а Леонардо изгледа повторно го заврте бројот на Ријана, затоа што изминатиов период во неколку наврати беа видени заедно во ноќните забави.
Пејачката (28) и холивудскиот ерген (41) на „Коачела“ цела вечер се смееле и нешто си шепотеле.
- Тој мисли дека таа е многу секси, откри непознат извор за „Ју-Ес Викли“.
Ново на Сител
-

Газда Деко добивал информации за рации во дискотеката, комуницирал со инспектори, полицајци, вработени во Економија
-

Девет лица фатени како пијани управуваат пловни објекти на Охридското Езеро
-

Зеленски повика на „цврсти одлуки“ на самитот на НАТО, откако Русија изврши нови напади врз Киев
-

Уапсен 16-годишник од Тетово, крадел по цркви и џамии
-

Еуролинк осигурување со стратешка докапитализација од 5,85 милиони евра - капиталот надминува 20,5 милиони евра
-

СП 2026: Норвешка со два гола на Халанд го урна Бразил и обезбеди четвртфинале
-

СП 2026: Англија избори четвртфинале со триумфот над Мексико
-

Најмалку девет жртви во руски напад врз Киев
