Ридли Скот подготвува продолжение на „Прометеј“

Кога филмот „Прометеј“ на Ридли Скот се појави во кината, мислењата на гледачите беа поделени, а многумина, меѓу другото, констатираа и дека необичната поврзаност на ова остварување со „Осмиот патник“ отвора повеќе прашања, отколку што нуди одговори.
Се разбира постои поврзаност. Така откривме кој е мистериозниот Спејс Џокеј, а се појави и легендарното чудовиште, секако во ново издание.
Скот во моментов работи на продолжение на „Прометеј“ кое ќе ги следи авантурите на преживеаните ликови, Елизабет Шо и андродиот Девид. Многу фанови сакат да знаат дали режисерот појасно ќе ги вклопи во постоечката франшиза и како тоа планира да го направи.
- Да, филмот на крај ќе се спои со „Осми патник“, но не во ова продолжение. Тоа може да се случи во следниот дел или можеби дури во четвртиот филм. Поентата е да се објасни приказната и како е дојдено до настанување на „осмиот патник“. Секогаш мислев дека чудовиштето претставува оружје од бактериолошката војна. Секогаш мислев дека е оригинален брод, кој сакам да го нарекувам кроасан, всушност претставува воен брод во кој се наоѓаат суштетства создаден со само една цел - уништување, изјави Скот.
Како на крајот ќе изгледа сето тоа, ќе видиме во мај 2017 година кога продолжението на „Прометеј“ би требало да се појави во кината.
Ново на Сител
-

Африканска прашина повторно ја зафаќа Грција, зголемено загадување на воздухот
-

Полицаец наплатил 500 евра од насилници за „мирно решавање“ на тепачка во Струмица
-

12-годишно девојче паднало од тротинет и тешко се повредило
-

19-годишник го претепал детето на сестра му
-

Трет танкер поврзан со Иран влезе во Персискиот Залив преку Ормуската Теснина
-

Пронајден починат 59-годишен маж во Општина Чашка
-

Три лица вдишале чад, откако бил опожарен автомобил во подземна гаража
-

Дизелот поевтинува за 2,5, а бензините за 1,5 денар по литар
