Рибар уловил нешто лигаво и миризливо, а за тоазаработил милиони
Кахид ал Синани, рибар од арапската држава Оман во својата ловечка мрежа пронајде нешто лигаво, по што стана милионер, пишува „Дејли Мејл“.
Се работи за т.н. амбра, отпадок од дигестивниот систем на кит. Некои тоа го нарекуваат и „пловечко злато“, а се користи во козметичката индустрија. Таа состојка овозможува мирисот на парфемот да трае подолго.
Рибарот за списанието изјавил дека од своите 60 килограми амбра заработи два милиони долари и најави дека ќе прекине со риболовот и ќе му се препушти на луксузниот живот.
Амбрата е всушност дигестивен секрет што китовите го лачат и исфрлаат, а во неколкугодишното лебдење во морето се згуснува и нараснува, поради морската сол. Се верува дека служи за да ги заштити китовите од тврди и тешки предмети што тие можат да ги проголтаат.
Некои сметаат и дека таа сива густа, мека смеса може да биде и афродизијак.
Најголемата амбра е пронајдена во Австралија во 1913 година. Нејзината маса изнесувала 455 килограми.
Ново на Сител
-
Почнува фестивалот „Ристо Шишков“ во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на Сојуз на стопански комори
-
Ќе обезбеди ли власта мнозинство за да спречи предвремени локални избори
-
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче пријавил поголем имот како пратеник, отколку кога бил министер
-
Се проширува пожарот во Мариово, два ер-трактори и полициски хеликоптери се неисправни
-
Ќе се замрзнуваат цените на производите ако трговците не ги поевтинат
-
Ниска цена за експропријација на земјоделско земјиште за новиот автопат Прилеп - Битола