Тенис
6. јуни 2016 - 17:46

РФ: Неиграњето во Париз беше добра одлука

Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер оваа година не настапи на турнирот Ролан Гарос во Париз што заврши вчера со триумф на Новак Ѓоковиќ. Болките во грбот беа причината Федерер да го прескокне овој турнир, на кој имаше настап од 1998 година.
- Сега сум многу подобар, трите недели пауза беа навистина добри. Мој грб сега е добар и мислам дека сум посилен. Неиграњето на Ролан Гарос дефинитивно беше вистинска одлука. Не сакав потешко да се повредам, размислував и за другиот дел од сезоната и секако за остатокот од својот живот, изјави Федерер.
Тој оваа година има настап на само четири турнири, а сега го очекува учеството на турнир во Штутгарт што се игра на тревната подлога. Во првото коло Федерер е слободен, а настап ќе има во второто коло.