Ревизорите бараат нови законски решенија
Државните ревизори бараат да се усвои новиот закон, што ќе овозможи да работат целосно независно. На јавната дебата за предлог Законот за државна ревизија особено се истакна потребата за зајакнување на човечките капацитети со кои располага ДЗР.
Подобра законска рамка за ревизија на работата на институциите е една од постојаните забелешки за земјава во европските извештаи.
Државните ревизори го контролираат трошењето на јавните пари. Но, често се случува институциите да не ги отстрануваат неправилностите во работата и покрај укажувањата од ревизорите.
Во новиот закон се предлага да се прошири опфатот на субјекти кои ќе подлежат на ревизорска контрола но, и можност за поголема контрола со конкретни рокови за отстранување на неправилностите во работењето на институциите.
-
Мирјана Јовеска
Сите содржини од овој новинар
