Бизнис
20. February 2016 - 17:26
Ревитализираната ХЕЦ Маврово произведе 43% повеќе струја од претходно
Ревитализацијата на опремата и објектите во Мавровскиот хидро енергетски систем што се заокружи во 2014-та ги дава посакуваните резултати. Податоците покажуваат дека 2015 година трите хидроцентрали Вруток, Равен и Врбен имало произведено повеќе електрична енергија од планираното.
Годинешните врнежи поволно се одразија на зголемувањето на нивото на вода во Мавровската акумулација.
Од почетокот на годинава Мавровските хидроцентрали произвеле 50 милиони 885 илјади киловат часови електрична енергија.
-

Александар Самарџиев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
