Ретроспективна програма од филмскиот фестивал „Киненова“

Со проекција на шпанскиот дебитантски филм „Лето 1993“ на Карла Симон, вчеравечер во Кинотеката на Македонија беше отворена ретроспективна програма на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“.
Во рамки на програмата се прикажуваат четири дебитантски долгометражни филмови од Шпанија, Америка, Костарика и Холандија. Филмовите беа дел од меѓународната селекција за награди на „Киненова“ во 2017 година.
Вечер на програмата е „Колумбус“, следната проекција е на 18 февруари - „Звукот на нештата“, а ќе заврши со „Квалитетно време“.
- Фестивалот оваа програма ја прави во соработка со Кинотеката како уште една можност за гледачите кои не успеале да ги погледнат овие филмови за време не премиерните прикажувања или кои сакаат да ги погледнат повторно, соопшти организаторот.
Настанот е поддржан од амбасадите на Шпанија и Холандија во Македонија.
Ново на Сител
-

Гаши: До крајот на годината очекуваме посета на претседателката на Собранието на Бугарија
-

Зајакнување на деловниот интегритет преку јавно-приватна соработка
-

Стартува Охридскиот вински фестивал
-

Eлектрични тротинети ќе возат само полнолетни, не побрзо од 20 км/ч
-

Тема на денот со Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд
-

Пратениците не ја прифатија интерпелацијата за работата на министерот Тошковски
-

Преглед на вестите од светот
-

По третпат интерпелација за Тошковски во Собранието
