Ретка поема на Ана Франк оди на аукција

Холандската аукциска куќа „Буб Кујпер“ за својата следна лицитација најави „исклучително ретка“ рачно напишана поема на Ана Франк, што датира од 28 март 1942, непосредно пред семејството Франк да се засолни во скривалиштето бегајќи од нацистите.
Се очекува цената на поемата да достигне до 50.000 евра. Поемата е објавена во книгата „Крикри“ на постарата сестра на Жаклина, најдобрата другарка на Ана Франк. На крајот од творбата од 12 стиха, стои датумот и потписот на Франк.
Ова е четврто дело на младата Еврејка ставено на аукција. Најпознат меѓу нив е нејзиниот „Дневник“ пишуван во скривалиштето во Амстердам од јуни 1942 до август 1944 година, кога биле откриени од нацистичка патрола. Преведен е на 67 јазици и продаден во 30 милиони примероци.
Една година откако нацистите го пронашле нејзиното семејство и ги испратиле во концентрациони логори, во 1945 Ана Франк починала од тифус во логорот „Берген-Белсен“ во северот на Германија. Имала само 16 години.
Ново на Сител
-

Нема повеќе вадење лаптопи, таблети, мобилни и течности од рачниот багаж на скопскиот аеродром
-

Самарџиски во стручниот штаб на младинската кошаркарска репрезентација
-

Од денеска почнува исплатата на К-15: Mинималниот износ 19.116 денари
-

УХМР најавува невреме утре и во петок, од сабота стабилизација на времето
-

Уапсен тетовец кој фрлал вреќи со отпад во реката Пена
-

Сотир Лукровски: Само оние кои не ме познаваат може да поверуваат дека сум се откажал, се враќам со нова енергија
-

Иран контра Трамп: Нема средба со американските претставници во Доха, туку само со катарски
-

СП 2026: Мексико осминафиналист
