Реставрација на објекти од културата во Тетово
Преку проектите за зачувуваање на културното наследство нови подрачја и објекти во тетовско годинава се најдоа на листата на министерството за култура со што ќе се обезбеди нивна обнова и заштита.
Конзервација и рестварација како и пренамена ќе се врши на еден локалитет и еден објект од османлискиот период.
-Со археолошки истражувања, конзервација, рестарација, оваа година ќе се пристапи на реализација на Лешочкото Кале. Имаме уште еден значаен проект, кој што е споменик на култура. Тоа е Алимбегова куќа, која куќа како споменик на култура ќе биде целосно реставрирана и промовирана во музеј, вели министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.
Во градот Тетово фокусот е на неколку инфраструктурни проекти, потенцира министерката за култура.
-Во моментов се гради нов театар и простор за библиотеката, која што ќе се смести во новиот објект. Во центарот за култура во Тетово се завршија фасадата на објектот, ентериерот. Стариот амам е целосно завршен. Нешто што оваа година ќе се реализира како проект е поврзување на шарената џамија со амамот со еден мост, вели министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.
Министерството започна проект и за реконструкција на конаците во Лешочкиот манастир.
-

Александар Самарџиев
Сите содржини од овој новинар
