Републикански сенатори бараат протерување на кубанските дипломати од САД
Група републикански членови на американскиот Сенат синоќа побараа од Стејт департментот да ги протера кубанските дипломати од САД и дури можеби и да ја затвори американската Амбасадата во Хавана, поради наводниот „акустичен напад“ врз нивниот дипломатски пресонал во Куба.
Стејт департментот во август соопшти дека некои од членовите на дипломатскиот персонал во американската Амбасада во Хавана „почувстувале физички симптоми, како последица на необјасниви инциденти уште од крајот на 2016 година“.
Некои од дипломатите изјавиле и дека претрпеле „трајно оштетување на слухот“.
Ваквиот „инцидент“ предизвика гневни реакции во Вашингтон, а некои републиканци уште тогаш побараа од претседателот Доналд Трамп да ги поништи сите одлуки на неговиот претходник Барак Обама за нормализација на односите со Куба.
Властите во Хавана од своја страна отфрлат каква и да било поврзаност со овие „акустични инциденти“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест