Републиканците во Претставничкиот дом велат дека Бајден извршил прекршоци за импичмент
Републиканците во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска објавија извештај во кој тврдат дека американскиот претседател Џозеф Бајден извршил прекршоци за импичмент, односно дека тргувал со влијание за лично и богатење на неговото семејство.
Во извештајот на 291 страница, изготвен од три комитети на Претставничкиот дом, се вели дека Бајден профитирал од шемата за тргување со влијание за да се збогати, но и членовите на неговото семејство преку зделки со странство кои почнале во 2014 година, кога Бајден беше потпретседател на САД.
Се тврди дека Бајден го искористил своето влијание за да се погрижи неговиот син Хантер Бајден да оствари корист во деловни односи со партнери од Украина, Кина, Русија и други земји.
Не е јасно дали претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон ќе закаже гласање за импичмент на Бајден до претседателските избори на 5 ноември.
Дури и ако Претставничкиот дом, кој е под контрола на републиканците, донесе таква одлука, малку е веројатно дека Бајден ќе биде отповикан, имајќи предвид дека тој ќе мора да биде отповикан во Сенатот на Конгресот, кој е под контрола на демократите.
Бајден, кој на 21 јули се повлече од кампањата за реизбор, треба да ја напушти функцијата кога неговиот наследник ќе положи заклетва на 20 јануари.
Ново на Сител
-
Се пренасочува сообраќајот на магистрален пат Скопје – ГП Блаце
-
Американците се обложиле во 100 милиони долари на Трамп против Харис
-
СДСМ со предлог за нула ДДВ за прехранбените производи, Владата најавува поригорозни казни ако се зголемат цените
-
Конференција 75 години НАТО
-
Опозицијата прифаќа да оди на предвремени избори, албанската коалиција на власт смета дека нема потреба од избори
-
Изборен ден во САД
-
Без струја дел од корисниците во општините Карпош, Сопиште, Кисела Вода и Ѓорче Петров
-
Состојба на патиштата