-->
-->
Републиканците не дадоа поддршка на пакетот економска помош предложен од Бајден
-->
Без поддршка од републиканците, во американскиот Сенат, демократите ги презедоа првите чекори за усвојување на пакетот економска помош од последиците од пандемијата вреден 1.900 милијарди долари, што беше предложена од претседателот на САД, Џо Бајден.
Резултатот од гласањето во Сенатот беше 50 гласа на демократите „за“ и 49 гласа на републиканците „против“ предложениот закон.
Бајден вчера се состана со 10 републикански сенатори за да разговара за нивниот предлог вреден 618 милијарди долари.
– Претседателот рече дека нивниот предлог од околу 600 милијарди долари е недоволен во секој поглед. Ние го почнавме новото свикување на Сенатот со партиски разграничувања, изјави лидерот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шамер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-
МВ: ВМРО-ДПМНЕ 51,7% - СДСМ 10,9%
-
СДСМ вели дека Владата е раскарана, ВМРО-ДПМНЕ одговори дека е стабилна и функционална
-
Андоновски за првата антикорупционерка: Треба да си даде оставка
-
Обвинителството обезбедува докази од вчерашната престрелка на Бит пазар – власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања
-
Манасиевски: Од левичари и глумење скромност до деловни објекти во центарот на Скопје
-
Правда мора да има - протест за загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-
Помалку шетање по шалтерите во основните судови – и онлајн може да си извадите документ дека сте неосудуван