Републиканци и сојузници на Орбан ќе разговараат во Вашингтон за прекин на помошта за Украина
Сојузници на унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе одржат состанок зад затворени врати со републиканци во Вашингтон за да извршат притисок за прекин на американската воена помош за Украина, пишува британски Гардијан, повикувајќи се на свои извори.
Членовите на Унгарскиот институт за меѓународни односи и претставници на унгарската амбасада во Вашингтон ќе ја започнат дводневната конференција чиј домаќин е конзервативната фондација Херитиџ.
Првиот ден од состанокот вклучува панел-разговори за војната во Украина.
Според извор од американската Републиканска партија, некои од учесниците, вклучително и републикански членови на Конгресот, биле поканети да учествуваат на разговори зад затворени врати следниот ден.
Средбата се организирана во време на интензивни дебати во Вашингтон за иднината на Украина. Во средата, републиканците во Сенатот го блокираа итното финансирање за војната во Украина.
Дипломатски извор близок до унгарската амбасада во САД рече: „Орбан е уверен дека помошта за Украина нема да помине низ Конгресот. Затоа се обидува да ја блокира поддршката и од Европската Унија“.
Ново на Сител
-
Автобусите на ЈСП не возат, а тоа создава сообраќаен хаос
-
Собраниска седница со пратенички прашања
-
Агелер: Постојано се разгледуваат нови имиња за црната листа на САД
-
Граѓанските организации бараат државата да не крати средства од превентивните програми
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николовски
-
Премиера на тетарска претстава во МНТ
-
Детска заработи парична казна од ДСЗИ - Не е решен проблемот со специјализанти кои дежураат сами