Република Српска усвои одлука за казни за објавување лажни вести и ширење паника
Владата на Република Српска денеска усвои одлука за казнување за објавување лажни вести и за предизвикување паника за време на вонредната состојба воведена поради новиот коронавирус.
Министерот за внатрешни работи на РС, Драган Лукач изјави дека за време на вонредната состојба се забранува објавување лажни вести и тврдења кои предизвикуваат паника и сериозно го нарушуваат јавниот ред и мир или го попречуваат спроведувањето на мерките.
Лукач рече дека ова се однесува на „пренесување лажни вести преку средствата за јавно информирање и социјалните мрежи, бидејќи таквите лажни информации можат да предизвикаат сериозни последици“.
За физички лица и одговорни лица во правно лице е предвидена казна од 1.000 до 3.000 конвертибилни марки, а за правни лица казна од 3.000 до 9.000 конвертибилни марки.
– Оние што шират лажни вести преку социјалните мрежи не можат да се скријат, властите на Министерството за внатрешни работи ќе ги откријат, рече Лукач.
Тој најави дека полицијата на РС веднаш ќе почне со спроведување на мерките, дека ќе бидат сослушани лицата кои шират лажни вести и ќе се утврди дали имале намера да предизвикаат паника.
Ново на Сител
-
Поскапуваат горивата
-
Приведен маж од Скопје, возел со 2,90 промили алкохол во крвта
-
Сител Телевизија вработува водителка на временска прогноза
-
Приведено лице што возело со 184 километри на час на место каде е дозволено 80 километри на час
-
Државна лотарија – во поддршка на културата и оштествениот развој
-
Ѓоковиќ: Кога се приближуваш кон 40. година треба да научиш да ја чуваш силата за најважните моменти
-
За една недела во Центар отстранети 99 непрописно паркирани возила
-
Насилство во Автокомада, маж удрил жена со гајба полна со стаклени шишиња по главата и тешко ја повредил