Македонија
9. October 2018 - 9:14

Републичка изложба на детски цртеж во библиотеката „Другарче“

Републичка изложба на детски цртеж „11 Октомври“ ќе биде отворена денеска во 13 часот во библиотеката „Другарче“, во организација на Детскиот ликовен центар и покровителство на Министерство за култура.

За учество на републичката  изложба пристинале 1460 ликовни творби од деца, изработени во повеќе ликовни техники.

Најуспешните дела ќе бидат претставени на изложбата, а на нивните автори ќе им бидат доделени дипломи.