-->
-->
Репортери без граници награди новинари од Полска, Иран и Турција
-->
Организацијата Репортери без граници ги врачи наградите за 2017 година на полскиот новинар Томаш Пјатек, иранскиот фотограф Сохеил Араби и турската интернет телевизија Медиаскоп.
Пјатек, новинар во весникот „Газета Виборча“, е награден поради неговата книга во која тврди дека полскиот министер за одбрана Антони Мачеревич имал врски со руското разузнавање, поради што бил обвинети пред воен суд.
Араби во 2015 година беше осуден на седум и пол години затвор во Иран под обвинение дека го навредил Исламот. Од август, тој штрајкува со глад.
Медиаскоп е формирана во 2015 година од турскиот новинар Рушен Чакир и вработува новинари кои биле отпуштени од други турски медиуми.
Наградите ги врачуваат Репортери без граници и француската телевизија 5 Монд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Реконструкција и проширување на патот Пеленица – Драчево
-
По 50 години почна реконструкцијата на салата „Работнички“
-
Преглед на вестите од светот
-
Годишно обраќање на претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред пратениците
-
Филипче со критики за шест месеци Влада - Повика на државно обединување
-
Мицкоски најавува нови мерки за справување со високите цени
-
Мицкоски: Криминалите во Државна лотарија се многу поголеми од 8 милиони евра
-
Села обвинува за непочитување на волјата на граѓаните на последните избори