Репортажа на РАИ: Албанија е врата на џихадот
Преку Црна Гора се шверцува оружје од Албанија, а во крвавите настани во Париз, на 13 ноември минатата година, е употребено оружје набавено од овој шверцерски канал, информира италијанската телевизија РАИ во репортажата „Албанија - врата за џихадот“, пренесе Танјуг.
Репортажата, што беше емитувана и од албанската телевизија „Ора њуз“, почнува со кадри на чамец полн со оружје и шверцери, што во текот на ноќта плови преку Скадарско езеро меѓу Албанија и Црна Гора. Снимено е и како двајца мажи ги растоваруваат сандаците со оружје и како ги кријат на брегот, од каде следниот ден ги преземаат други луѓе.
Според репортерот, такво оружје е употребено во атентатите во Париз, на 13 ноември.
Според италијанската телевизија, Балканот е центарот за врбување на џихадисти. Над 1.000 Албанци учествуваат во странските вооружени конфликти и Албанија е земјата со најмногу џихадисти според бројот на населението.
Во репортажата е опишан и начинот на кој функционира црниот пазар на оружје. Албански шверцер кажува дека најбарани се автоматите АК47, старите советски пиштоли и оружјето од поранешна Југославија. Според него, автоматите „Калашњиков“ чинат од 400 до 450 евра.
Оружјето тргнува со рибарски чамци и бродчиња од Драч или Валона, за на крајот да дојде до раце на мафијата или на терористите, се наведува во репортажата на РАИ.
Ново на Сител
-
Што очекуваат Македонците во Америка од Доналд Трамп?
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Трамп избран за претседател на САД
-
Рамноправен регионален развој за спречување на иселувањето
-
Фетаи: Администрацијата е неефикасна и политизирана, потребни се реформи
-
Високото образование ќе се реформира од корен, нов закон, студиски програми, повеќе пари за наука
-
Трамп избран за претседател на САД
-
По победата на Трамп, Мицкоски очекува зајаканати односи Македонија – САД