Реновирани тоалетите во ОУ “Тошо Велков Пепето” од Кавадарци
Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов денеска го посети Основното општинско училиште „Тошо Велков Пепето“, каде што во пресрет на новата учебна година се реновирани тоалетите во училиштето.
Панов потсети дека токму оваа училишна установа, ја доби наградата за најчисто и најбезбедно училиште од Министерството за образование и наука на Република Македонија.
Тој нагласи дека во училиштетот има идеални и европски услови за учење на учениците и работа на вработените.
- Училниците пленат со присуство на голем број ученици и со нивната активност,со уреденоста и среденоста на самите простории со помагала за воспитно образовниот процес, додаде градоначалникот.
Изразувајќи задоволство од тоа во каква состојба се и дворот и хигиената во училиштето, Панов нагласи дека во одлична состојба се и останатите училишта во општината Кавадарци.
- Образованието е надлежност на локалната самоуправа на која ние отсекогаш ставаме акцент и водиме посебна грижа, а така ќе биде и во иднина, рече Панов.
Директорката Ѓурѓица Алексова изрази благодарност до градоначалникот и Советот на општина Кавадарци, за одобрените средства за реконструкција.
Ново на Сител
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?