-->
-->
Реновирани простории на детското и интерното одделение во кумановската болница
-->

Менаџерскиот тим на кумановската општа болница денеска ги промовираше реновираните простории на детското и на интерното одделение во оваа здравствена установа.
Средствата се обезбедени од буџетот на болницата, соопшти директрот на ЈЗУ, Ариф Латифи, а со реконструкцијата опфатени се 250 метри квадратни од детското одделение и 150 од интерното одделение. Со реконструкцијата опфатени се дневните болница, специјалистичките амбуланти и примените простории на двете одделенија.
- Условите во овие две одделнија не беа на задоволително ниво, бевме приморани да направиме реконструкција на просториите за да можат нашите најмали пациенти и пациентите на интерно да добијат услови какви што заслужуваат.Ова што го вложуваме е за доброто на нашите пациенти, изјави директорот на кумановската болница Латифи.
Началникот на детското одделение доктор Аднан Сулејмани вели дека наскоро очекуваат реконструкција и на вантрешниот дел од детско одделение.
- За најмалите го правиме најдоброто што се може.Во моментов во текот на едно деноноќие имаме од 70- 80 пациенти со различна, најчесто со респираторна патологија, воспаленија на бели дробови, настинки, воспаленија на синуси,на горни дишни патишта, изјави Сулејмани.
Шефот на интерното одделение,доктор Томица Анчевски изјави дека со реконструкцијата на амбулантата од интерното одделение,пациeнтите добиваат подобри услови за квалитетно пружање на здравствената нега. Во овие простории, додаде, се примаат пацинети со приоритетни упати, пациeнти кои ги носи службата за Итна медицинска помош, ургентната и ноќната амбуланта. Во амбулантата, информираше, поминуваат по 60-тина пацинти.
Наскоро, најавија од менаџерскиот тим од болницата, се очекува да отпочне и реконструкцијата на физикалното одделение, АТД и подрумските простории каде што беше сместена дневната болница. Во завршна фаза од реконструкцијата се просториите каде беше сместена хирургија. Tаму, според Латифи, предвидено е да функционираат амбулантите за гинекологија и акушерство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Собранието избира министер без ресор, Мицкоски порача дека институциите се отворени за сите со знаење и подготвеност за одговорност
-

УХМР: За викендот стабилно време, во понеделник повторно дожд
-

Муцунски: Охрид нема да биде ставен на листата на културни наследства во опасност, ова е значаен дипломатски успех на државата
-

Пијан и без возачка дозвола излетал од пат кај Кочани, едно лице тешко повредено
-

Поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини, ќе се брани од слобода, прифатена гаранција од над 1,15 милион евра
-

Охрид го задржа статусот на светско културно наследство, УНЕСКО даде нов рок за спроведување на препораките
-

Зошто младите луѓе низ целиот свет имаат тешкотии да ја добијат својата прва плата?
-

Вашингтон воведува нови царински маржи за 60 држави, реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд
