Реновирани градинките во општина Гевгелија
Општина Гевгелија инвестираше 10 милиони денари од буџетот за обезбедување на подобри услови за престој во градинките.
Од Службата за односи со јавност во општината соопштија дека во трите градинки во Гевгелија и во градинките во Негорци и Миравци заменети се старите фасади со нови термо фасади за кои се потрошени 5,5 милиони денари. Со овој проект, како што велат од општината, подобрена е енергетската ефикасност на објектите.
Со вториот проект била опфатена замената на старите азбестни покриви со нови кровни контрукции на градинките. Замената на азбестните покриви целосно е завршена во градинките „Детска радост“ и „Сончогледи“ во Гевгелија и во градинките во Негорци и Миравци, а преостанува да се замени уште покривот на градинката „Цветови“ во Гевгелија. За реализација на овој проект, од општината се инвестирани 4,5 милиони денари.
Ново на Сител
-
Украина започна постапка за забрана на Украинската православна црква поради врски со Москва
-
Сончево и топло до крајот на неделава
-
Обвинение против сопственикот на „Рубикон“ за пожарот во дискотеката „Пулс“
-
Исчезнат е 52 годишен кумановец
-
Флекс Кредит ги награди најуспешните вработени
-
Одложена седницата на собраниската комисија на која ќе се расправа за сомнежите за незаконско прислушување од АНБ
-
Вируси и како да се заштитиме
-
Николоски: Голем раст во градежништвото, транспортот и складирањето