Фудбал
6. January 2018 - 10:06

Реми на Интер во Фиренца

Фиорентина и Интер ремизираа во синоќешниот дуел од италијанското калчо со резултат 1-1 со што Интер го губи чекорот во битката за титулата со Наполи и Јувентус.

Гостите од Милано беа блиску до трите бода бидејќи со голот на Икарди водеа се до 91м кога Симеоне и обезбеди бод на домашната екипа. 
Сега неро-аѕурите имаат 6 бода помалку од водечкиот Наполи но и натпревар повеќе.