Религија и секс: Секоја вера има свое правило
Сите религии имаат свои правила кога во прашање е водењето љубов според кои треба да се водат нивните припадници.
Кога станува збор за сексот, религиите имаат цела низа правила за тоа, што, како и кога смеат. Додека паганските религии го поттикнуваат сексот и мастурбацијата, еднобожните религии, кои денес се најраспоространети, кон сексот главно имаат критички став. Во исламот е строго забрането секс за време на Рамазан, а во јудеизмот за време на празникот Јом Кипур.
Ислам
Девици 72 за секој муслиман во рајот
Исламските фундаменталисти веруваат дека во рајот ги чека неверојатно богатство, голем број слуги и дури 72 сопруги, девици.
Како што наводно пророкот Мухамед напиша на мачениците кои ќе загинат за Алах ќе бидат им бидат простени сите гревови и тие ќе бидат наградени со „80.000 слуги, 72 жени и многу бисери, аквамарини и рубини“.
Краткотрајни бракови се склопуваат само поради секс
Во Иран вонбрачниот секс е забранет со закон. Сепак, во исламските закони постојат дупки, а во случајот кај шиитите тоа е постојано „Сигех“ или „брак за забава“. Се што е потребно за остварување на таквите заедници е документ кој налага временски период во кој двоката ќе остане заедно. „Сигех“ така може да трае од пет минути па до сто години колку што партнерите ќе се договорат и често никаде не е официјално забележан.
Неверството е грев повеќе од убиство
Во исламот неверството или какво било конзумирање на секс надвор од институцијата брак се смета најголем грев и срам, што наводно ги отвора вратите на сите други гревови.
Јудеизам
Жената не смее да има контакт со сопругот додека има месечен циклус
Ортодоксните Евреи кои се во брак не смеат да имаат секс со својата сопруга доколу таа има месечен циклус, но и не само тоа, тие тогаш не смеат да имаат никаков контакт. Жената тогаш мора да биде строго одвоена од сопругот.
Забрането е користење на сексот како оружје
Овој закон дури е и позитивен. Строго е забрането во јудизмот сексот да се користи како оружје. Забрането му е на партнерот од одмазда или нешто друго да не води љубов со партнерот или да го практикува поради некои скриени намери.
Христијанство
Во христијанството сексот надвор од брак е сторого забранет, а ни во бракот не се дозволува баш секогаш. Единствена цел на сексот, според традиционалните христијанското разбирање, би требало да биде зачнување на бебе. Во склоп со тоа, црквата е против користење котрацептивни срества.
Мастурбација е во коренот на многу гревови
Католичката црква строго забранува мастурбација, сметајќи дека таа се наоѓа во коренот на многу смртни гревови. Таа смета дека мастурбацијата ја храни алчноста, гордоста и страста и дека самата е често резултат на мрзеливоста.
Ново на Сител
-
Рокас за случајот со Државна лотарија: Да оставиме правдата да зборува сама за себе
-
Лишени од слобода три лица, физички нападнале 26-годишник пред угостителски објект во скопскиот Градски парк
-
Челзи и Мудрик ќе соработуваат за да се утврди причината за позитивниот допинг тест на фудбалерот
-
Планирале напади за новогодишните и божиќните празници, притвор за 4 лица кои создале терористичка организација
-
Обвинение за убиството кај „Мавровка“, го убил од користољубие, пукал и кон полицијата во обид да избега
-
Ванделт: Не ни е познато дека некој од германските инвеститори планира кратење на работни места
-
Азески: Да одиграме многу внимателно во 2025 година за да немаме тешки последици
-
Агелер без коментар за чекорите на Обвинителството по американското јавно назначување на функционери за корупција