Рекреативна велосипедска трка на Попова Шапка

Околу 300 натпреварувачи денеска ќе учествуваат на рекреативната велосипедска планинска трка, што ќе почне во близина на скијачките центри на Попова Шапка.
Трката е еден од централните настани на петиот Планинскиот фестивал Попова Шапка, којшто се одржува од 28 август до денеска. Трката е со должина од 42 километри.
Фестивалот годинава ќе биде домаќин на две велосипедски трки и два планински маратона, со главна цел на натпреварувачите, но и на останатите гости да им ги приближи природните убавини на Попова Шапка и да ги мотивира да ја посетуваат и во летната сезона. Во вечерните часови, за гостите се планирани забави и музика во живо.
Планинскиот фестивал Попова Шапка оваа година се очекува да привлече повеќе од 500 гости и натпреварувачи, во текот на трите денови додека е отворен.
Трката, како и фестивалот е во организација на спортскиот клуб ЕБТС и продавницата за велосипедски делови Пробајк од Скопје. Трката се оддржува со поддршка на Проектот на УСАИД за екпанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија.
Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија, оваа година финансиски поддржува 10 настани низ Македонија во сферата на активниот и спортскиот туризам.
Ново на Сител
-

Најстудено во Берово и Маврови Анови, најмногу дожд во Гевгелија
-

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на промоцијата на Платформата за следење на проектите од општините финансирани од Владата
-

ДКСК ќе го одбележи Меѓународниот ден за борба против корупцијата
-

Со воведни зборови на одбраната продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-

Муцунски на 32-от Министерски состанок на ОБСЕ 2025
-

Денеска е Воведение на Пресвета Богородица
-

Рубио и Лавров нема да учествуваат на годишниот состанок на ОБСЕ
-

За денеска закажани дополнителни разговори меѓу Украина и САД
