Рекордно ниска површина под мраз на морето околу Антарктикот

Трета година по ред, површината на морето под мраз околу Антарктикот се спушти под два милиони квадратни километри, што не се случило пред 2022 година од почетокот на сателитските мерења во 1979 година.
Најновите податоци на американскиот центар за снег и мраз потврдуваат дека во претходните три години количината на лебдечки мраз на континентот била најмала досега, јави „Гардијан“.
Научниците велат дека уште една година опаѓање на морскиот мраз е доказ за „промена на режимот“ и оти континентот поминал низ „нагла критична транзиција“.
Мразот на Антарктикот го достигнува најниското ниво на врвот на летото на континентот, во февруари секоја година.
Петдневниот пресек, кој бил направен на 18 февруари, покажа дека површината на мразот паднала на 1,99 милиони квадратни километри, а на 21 февруари таа изнесуваше 1,98 милиони.
Најниско ниво е забележано во февруари 2023 година, кога изнесувало 1,78 милиони квадратни метри.
– Сигурно е дека трите години со најниско ниво на мраз се последните три години, изјави Вил Хобс, научник за мраз од Универзитетот во Тасманија.
Научниците предупредија дека губењето на морскиот мраз е само една од неколкуте големи промени забележани на Антарктикот, а кои веројатно ќе имаат глобални последици, особено затоа што неговата загуба изложува голем дел од континентот на океан, забрзувајќи ја загубата на мразот на копното, што може да го подигне глобалното ниво на морињата.
Ново на Сител
-

Кој го понесува најголемиот удар од блокирањето на Ормутскиот теснец?
-

Тема на денот со Ана Павловска Данева, Уставна судијка
-

ОЈО оформи предмет за Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош
-

Пиштол вперен кон сопругата, нападната ќерка - тројца мажи уапсени за семејно насилство
-

САД и Израел ги интензивираат нападите врз Иран, војната влегува во седмиот ден
-

Околу 800 Македонци побарале да се вратат дома од погодените земји
-

Нема потреба од паника, залихи на нафта има доволно
-

Документ на ЦИА за Киро Глигоров ги разбуди партиите за името
