Рекордни температури ширум Кина
Температурите низ Кина го достигнаа или надминаа рекордните вредности за мај, соопштија денеска кинеските власти. Се очекува топлотниот бран да продолжи во поголемиот дел од јужна Кина, што може дополнително да ја оптовари електричната мрежа, најавија метеоролозите.
Метеоролошките станици на 446 локации регистрираа температури што се еднакви или повисоки од највисоките досега регистрирани за мај, изјави заменик директорот на Националниот центар за клима Гао Ронг. Во понеделникот метеоролошката служба на Шангај извести дека во градот е регистрирана температура од 36,1 Целзиусови степени. Претходниот рекорд за мај беше 35,7 степени Целзиусови – во 2018 година.
Во текот на следните три дена, поголемиот дел од јужна Кина се очекува да има температури над 35 степени Целзиусови, додека некои области ќе надминат 40 Целзиусови степени, се нагласува во денешниот извештај на метеоролошката служба.
Ново на Сител
-
Претреси во Кавадарци и Неготино, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
-
Нападнати полицајци и затекнати малолетници со алкохол при контрола на Градскиот базен во Виница
-
Активен пожарот кај селото Стровија во општина Долнени
-
За пет години кириите во Европа пораснаа за 12,5 отсто
-
Нов силен земјотрес ги погоди руските Курилски Острови
-
Напади со дронови меѓу Русија и Украина во текот на ноќта
-
Илјадници луѓе протестираа во Израел барајќи договор за заложниците
-
Сончево со мала до умерена облачност, од утре промена на времето