Рекордни 79 нови случаи со Ковид-19 вчера во Косово, вкупно 362 заразени
Во Косово во текот на вчерашниот ден се регистрирани рекордни 79 заразени од новиот коронавирус во едно деноноќие, со што вкупната бројка на заболени од Ковид-19 во земјата се зголеми на 362.
Според синоќешното соопштение на Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) најмногу новозаразени, 35, се евидентирани во општината Урошевац (вкупно 55), која со одлука на Министерството на здравство од саботата е ставена во карантин. Следува Призрен со 16 нови случаи, Генерал Јанковиќ и Витина со по шест, Гњилане со три, Малишево со два и уште неколку општини со по еден нов случај на заболен од новиот вирус.
Во општина Приштина, која по 20-те заболени кои завчера беа потврдени, беше ставена под режим на карантин, вчера не е потврден ниту еден нов случај со позитивен наод од вкупно 40-те тамошни жители кои биле тестирани.
Покрај Приштина и Урошевац, вчера, со одлука на Министерството за здравство и на локалните власти, во карантин беа ставени и општините Призрен и Сува Река.
Вкупно во неделата во Лабораторијата за молекуларна микробиологија на ИШПК се испитани примероци од 250 лица за кои постоело соменавње дека се заразени од новиот вирус, со што бројката на тестирани од 8 февруари, заклучно со вчерашниот ден, достигна 3.256.
Досега во Косово се регистрирани седум смртни случаи како жртви на епидемијата, а како излегувани во истиот период се евидентирани 59 лица.
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен: Патот на Северна Македонија кон ЕУ да продолжи со спроведување на реформите и почитување на Преспанскиот договор
-
Силјановска Давкова не кажа „Северна“ при заклетвата во Собрание
-
Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски
-
Грчката амбасадорка Филипиду ja напушти седницата, Силјановска-Давкова во заклетвата користеше Македонија
-
Маж со автомобил прегазил жена во Чаир
-
Украдени документи и компјутери од Управата за матични книги во Прилеп
-
Струмица: „Фиат“ удрил во електричен тротинет, повредено едно лице
-
Приведен бегалец од затвор баран со потерница