Рекорден број заразени од Ковид-19 во Флорида и Тексас
Американската држава Флорида вчера пријави 12.000 нови случаи на коронавирус, петти ден по ред како бројот на регистрирани нови заразени надминува 10.000.
Досега во Соединетите Американски Држави како последица на Ковид-19 починаа повеќе од 140.000 луѓе пренесува „Гласот на Америка“.
Државите Флорида и Тексас, како и другите јужни или западни држави, секојдневно рушат рекорди во бројот на пациенти.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека земјата соодветно се справува со пандемијата на вирусот.
– Постојат помали и поголеми жаришта низ целата земја. Флорида се чини дека станува жариште, но работите ќе бидат под контрола, рече Трамп во интервју за телевизијата „Фокс“.
Тој го повтори своето тврдење дека вирусот ќе исчезне.
– На крај ќе бидам во право. Вирусот ќе исчезне и ќе бидам во право, рече Трамп.
Според универзитетот „Џонс Хопкинс“, во САД во неделата имало 3,7 милиони заразени со коронавирус – приближно ист број како и трите најпогодени земји по САД – Бразил, Индија и Русија.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати