Рекорден број патници на пристаништето Драч
Рекорден број патници е регистриран за време на изминатиот викенд на најголемото албанско пристаниште Драч.
Премиерот Еди Рама денеска сподели фотографија од пристаништето на Јадранот, притоа информирајќи дека „Пристаништето Драч викендов пречека над 11 илјади патници“.
Високиот проток на патници кон Албанија ја натера Капетанијата на пристаништата во Драч да ги зголеми релациите на траектите, а истовремено и шалтерите за обработка на податоците за патниците.
Од 20 јули, пристаништето Драч работи со двојно пловидба со пет траекти дневно, со што бројката во просек деновиве е околу 7.000 патници дневно.
Во патничкиот терминал преземени се мерки за обработка со максимален капацитет, со 32 шалтери, 20 за автомобили и 12 шалтери за пешаци.
Според надлежните, најголемиот процент од патниците се иселеници не само од Албанија, туку и од Косово и од Македонија кои главно живеат во Италија, а летните одмори ги минуваат во своите родни места. Како резултат на тоа видно е зголемена и фрекфенцијата на премините на албанско-косовската и на албанско-македонската граница.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Преглед на вестите од светот
-
Интереплација на власта за членовите од Судски што ги избрало Собранието
-
Судски совет ќе испитува грешка кај судијката која за продажба на дрога одредила казна поправен дом
-
Објавени огласи за 47 обвинители и 50 судии: Ќе се пополни ли дупката во обвинителствата?