Бизнис
14. December 2016 - 19:30

Рекорден број патници на македонските аеродроми

Рекорден број на патници на македонските аеродроми. Трендот на пораст продолжува со над 1,6 милиони патници од јануари до крајотна ноември што е зголемување за 15,7% во однос на истиот период минатата година.

Од концесионерот ТАВ велат дека добрите бројки се должат на комбинираните напори на компанијата и државните политики во авиособраќајот кои овозможија поголемо присуство на авиокомпании и нискобуџетни летови од и до Македонија.

- Сообраќајот на двата македонски аеродроми е во пораст 7 последователни години. Бројот на патници особено се зголеми последните две со нови рути кои ги отворивке на двата аеродроми. Од Скопје во моментов оперираме со 30 дестинации, а од Охрид имаме 3 линии низ целата година, цирих, Лондон и Базел и  многу чартер летови преку летотото како од Белград, Амстердам, Брисел, Тел Авив, кои носат европски туристи на убавото Охридско езеро, вели Јигит Лачин, директор на аеродромите во Скопје и Охрид.

Очекувањата на компанијата се дека авиосообраќајот ќе продолжи со оваа динамика на развој бидејќи од следната година ќе се воспостават и нови линии.

- Ќе продолжиме со нашата стратегија за експанзија на рутите и привлекување нови авиокомпании на македонскиот пазар бидејќи сметаме дека тоа е основен услов за негов натамошен развој. За неколку дена ќе почне со летови до Охрид Германиа Флуг, а од следното лето најголемиот полски тур-оператор ќе воведе летови од Катовице и Варшава, вели Лачин.

На охридскиот аеродром од оваа година почна да оперира најголемиот светски тур оператор Томас Кук кој носи туристи од Брисел, а Аркиа воспотави чартер летови од Тел Авив. Меѓу најбројните патници на тој аеродром се Холаѓаните.

Најфреквентни дестинации од скопксиот аеродром, пак, се Истанбул, Цирих, Виена, Базел, Малме и Лондон.