Рекорден број барања за азил од Латинска Америка во ЕУ
Венецуела се искачи на второто место на списокот на земји чии државјани бараат азил во Европа, веднаш по Сиријците, јави дописничката на МИА од Брисел.
Во текот на февруари оваа година вкупно поднесени се 57 илјади барања за азил во земјите на ЕУ, плус Норвешка и Швајцарија, од кои четири илјади се од Венецуелци, со што оваа земја се искачува на врвот на листата по Сирија.
Барањата за азил од Венецуела бележат зголемување од 51 отсто во споредба со јануари 2019, се наведува во редовниот извештај на Европската канцеларија за азил, ЕАСО. Вкупно, над 33 илјади Венецуелци во моментов се во исчекување на одговор за нивното барање во ЕУ, Норвешка и Швајцарија.
Изненадување за февруари е и високиот број барања за меѓународна заштита на граѓани од Колумбија и Никарагва во ЕУ. Од Колумбија, само за февруари, 1.937 лица побарале азил во Европа, што претставува рекорден број за оваа земја. Колумбија е сега десетта земја со најголем број барања за азил во Европа.
Зголемување бележи и Никарагва, од каде во февруари азил побарале 616 лица. Претходната година во истиот месец овој број изнесувал девет лица.
По Сирија и Венецуела, најголем број барања за меѓународна заштита во февруари поднеле државјани од Авганистан, Ирак и Нигерија. Во првите десет земји се наоѓаат Грузија, Пакистан, Турција и Албанија, соопшти ЕАСО.
Ново на Сител
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување
-
Преглед на вестите од светот
-
Избори во Хрватска – Милановиќ фаворит за втор мандат
-
Teма на денот со Благојче Атанасовски, политиколог
-
Портокалов аларм за снежна бура во Македонија