Рекорд на Бијонсе кај Греми наградите
Американската пејачка Бијонсе постави рекорд кај Греми наградите откако ја освои оваа престижна музичка награда по 28. пат во женските категории.
– Многу сум почестена и возбудена, рече Бијонсе, прифаќајќи ја наградата за најдобра изведба во категоријата Ар-ен-би.
Поп-пејачката Тејлор Свифт пак, стана првата пејачка на која трипати ѝ е доделено Греми за најдобар албум. Оваа година ја доби наградата за албумот „Folklore“, којшто го сними за време на вонредните ситуации поради пандемијата на коронавирусот. Пред тоа, само пејачите Френк Синатра, Пол Симон и Стиви Вондер беа наградени трипати за најдобар албум на годината.
Со својата 28. Греми награда, Бијонсе се изедначи со продуцентот и композитор, легендарниот Квинси Џонс. Само диригентот Џорџо Солти е награден со Греми неколкупати повеќе од нив – вкупно 31 награда.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Додека светот стравува од инфлација, власта уверува – состојбата не е загрижувачка
-

Светски технолошки конгрес
-

Линеарното покачување на пензиите останува во сила
-

60 проценти од населението во Македонија се со зголемена телесна тежина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Врските на Заев и Филипче со политиките на Путин
-

СДСМ: Toшковски да поднесе оставка
-

250 анкетни листови од кочанчани против бетонизација кај „Панаѓурот“
