Македонија
13. October 2016 - 11:48

Реконструраната и модернизирана МОБ- една од најсовремено опремените во Европа

Македонската опера и балет сезоната ја започна во целосно реновирана сала и фоаје, што ја вбројува оваа институција во една од најсовремено опремените во Европа.

Оваа реконструкција и модернизација на МОБ е за прв пат по нејзината изградба во 1983 година. Во салата има и нови столчиња со дисплеи на кои ќе има превод до 5 јазици. Само шест театри во светот имаат вакви модерни столчиња.

Македонската опера и балет вчера и денес со почеток во 20 часот организира Гранд гала-концерт со кој го промовира новото гледалиште и фоајето.

Вчера имаше ексклузивна програма на концертот, под мото „Чувството во живо…во ново руво“. Беа изведени од класични дела до музика од познати филмови. На сцената имаше голем број исполнители: оперски и балетски солисти, хорот, оркестарот, балетскиот ансамбл и детскиот хор „Фалсето“ при МОБ.