Реконструкција на пумпната станица во Гевгелија
Општина Гевгелија денеска најави реконструкција на пумпната станица во бунарското подрачје „Вардар“ која е дел од регионалниот водоснабдителен систем преку кој вода за пиење добиваат жителите од градот и поголемите населени места во општината.
- Со реконструкцијата ќе ги замениме постојните пумпи со нови потопни пумпи, ќе ја замениме целата електроника, а ќе извршиме и санација на внатрешниот дел на целиот објект во кој се сместени пумпите, информираа надлежните во општина Гевгелија. Со обновата и модернизацијата на бунарското подрачје „Вардар“ се очекува двојно зголемување на издашноста на бунарот од сегашните 50 на 100 литри вода во секунда.
Зафатот ќе се реализира со 4,2 милиони денари финансиска помош од УНДП што општината ја доби за справување со бегалската криза. Гевгелиски „Комуналец“ ги заврши сите неопходни подготовки за почеток на реконструкцијата на пумпната станица.
Ново на Сител
-
Кај двајца турски државјани, најдена дрога
-
Минималната плата во Албанија ќе се зголеми на 515 евра до 2026 година, најави албанската министерка за економија
-
Герасимовски: Градиме дом за стари лица, историска инвестиција за пензионерите
-
Анкета: Две третини од Унгарците не сакаат прекин на енергетската трговија со Русија
-
Грејната сезона во Скопје започнува од 2 октомври поради ниските температури
-
До петок студено со дожд, а на планините снег
-
Царинска управа: Континуиран раст приходите, во септември наплатени над 179 милиони евра
-
Турција со законски мерки ќе го поттикнува наталитетот