-->
-->
Реконструкција на привремената влада во Тајланд
-->
Во Бангкок е најавено дека претстои реконструкција на сегашната влада, составена воглавно од припадници на рмискиот врв, а на чие чело е водачот на воениот удар од мај минатата година, генералот Прајут Кан-ока. Смената на повеќе миисти ја најави портарлот на Националниот совет за реформи, кој рече дека реконструкцијата е последица од се поголемата недоверба на граѓаните во можностите на сегашната влада успешно да ја води државата, особено на економски план.
Во најавата за сменување на министрите портпаролот на Советот за реформи нагласи дека, иако министрите што замиуваат и не мора да се директно виновни за дел од неуспешните политики, за да се врати довербата на граѓаните тие ќе отстапат место на поенергични личности. Тој додаде дека во политиката е најважно што за нејзините резултати мислат луѓето, а за да се намали нивното незадоволство и да се поврати вербата во иднината, ќе се прави реконструкција на владата.
До промеите во тајландската влада доаѓа по едно испитување на јавното мислење во кое над 71 посто од испитаниците се изјасниле дека не се задоволни со перформанските на сегашниот тим на генералот Прајут Кан-ока.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот