Реконструкција на подови во Здравствен Дом Куманово

Во тек е санацијата на подовите во централната зграда на Здравствен Дом Куманово, соопштија, денеска надлежните од јавната установа. Санацијата се спроведува со сопствени средства во висина од 463.740 илјади денари.
Реконструкцијата на подовите се спроведува поради дотраеност, информираше директорот Миомир Панковски. Додаде дека подовите не биле заменети последниве 40 години.
-Со реконструкцијата на подовите ќе се овозможат подобри хигиенски услови за работа на вработените во централната зграда, истакна Панковски.
Реконструкцијата се очекува да заврши до крајот на септември. Оваа е четврта реконструкција на одделните згради кои се под надлежност на установата. Во текот на изминатите месеци беше извршена комплетна санација на санитарните јазли во речиси сите згради со кои располага Здравствениот Дом. За комплетно реновирање на санитарните јазли во поликлиниките „Тоде Мендол“, „Перо Чичо“, „Гоце Делчев“, како и во просториите на Итна Помош, одвоени се милион 33 илјади 491 денар, сопствени средства.
За санација на санитарните јазли во школскиот диспанзер во Куманово, Здравствен дом одвои 132.159 илјади денари а завршена е и реконструкцијата на кровната конструкција во поликлиниката во „Перо Чичо“, за што се одвоени 718.620 илјади денери.
Со реконструкцијата, објаснија надлежните, се подобруваат условите за работа на вработените, но и хигиенските услови за пациентите од Куманово.
Ново на Сител
-

Бубрежна хронична болест, гојазност и дијабет – коморбидитети кај починатите од западно-нилска треска
-

Камионџиите повторно на протест - 30 отсто од капацитетите веќе не сообраќаат редовно
-

Климатските промени сериозна закана за производството на храна и аграрот
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Орце Симов, претседател на ИКТ комората
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
