Реконструкција на Клиничката болница во Битола
Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола следната недела ќе почне да се реконструира, најави генералниот директор Василе Најдовски кој денеска ги соопшти најновите резулати добиени од анкетата на Министерството за здравство.
Според анкетата, над 58 отсто од испитаните пациенти потврдиле дека се задоволни од достапноста на лекарите, над 61 процент се задоволни од достапноста на другиот персонал, а над 70 проценти се задоволни од стручноста на лекарите.
- Над 62 отсто се задоволни од љубезноста на лекарите и над 63 насто се задоволни од љубезноста на другиот персонал, над 63 насто од пациентите потврдиле дека се задоволни од дадената медицинска нега и над 86 насто дека кога дошле на закажаниот „мој термин“ лекарите биле во амбулантата, посочи Најдовски на прес-конференција.
Клиничката болница ќе обновува надворешно и внатрешно за што ќе бидат вложени околу 130 милиони денари.
Ново на Сител
-
Штафетно нуркање за мир
-
Преглед на вестите од светот
-
Голема акција на Финансиската полиција, се вршат претреси во Куманово, Липково и Желино
-
Реакции по скандалот на натпреварот Брегалница - Шкупи
-
Се поголем бројот на пловила
-
М. Брод ќе биде првата општина која што ќе добие Дневен центар за активно стареење во рурална средина, во с.Самоков
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт