Реконструкција и санација на основните училишта во општина Гази Баба
Со цел подобрување на условите за учење на сите ученици во текот на летниот период основните училишта и општина Гази Баба преземаа активности за реконструкција и санација на објектите.
Како што информираат од општина Гази Баба во ООУ Кирил и Методиј е направена целосна реконструкција на училиштето, додека во ООУ Крсте Мисирков е асфалтирана патеката во должина од 60м која води кон паркингот и е извршено комплетно варосување на целото училиште.
Во ОУ Дане Крапчев ее санирани санитарните чворови, а во ООУ 25 Мај се реконструирани целосно старото училиште и се опремени 15 кабинети со нови проектори, додека 10 кабинети добија нови клупи и столчиња, а училниците се целосно снабдени со надгледни средства
потребни за тековна настава.
Санирани се санитарните чворови во ООУ Н.Н. Борче во населба Маџари, во ООУ Наум Охридски во Црешево и во Булачани.
Во ООУ Григор Прличев во населба Железара се поставени настрешници на влезната врата во училиштето, додека во ООУ Стив Наумов се заменети дрвените прозорци со ПВЦ прозорци и се реконструирани дел од оградата околу училиштето.
Извршена е санација на плафоните, олуците и адаптирана е уште една просторија во училница во ООУ Вера Јоциќ, во ООУ Крум Тошев се поставени нови врати, а во ООУ Његош е променет дел од кровот и ставени се нови ПВЦ прозорци.
Ново на Сител
-
На Табановце се чека до 30 минути, патот до ГП Пелинце затворен до 16 часот
-
Пред пратениците на 62. пленарна седница Дополнетиот ребаланс на Буџетот
-
Топлотен бран во земјава - да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето
-
Меморандум за разбирање со „Казанџи Холдингс АС“ за ивестиција, вредна милијарда евра
-
Сончево и многу топло, до 42 степени
-
На граничниот премин Табановце се чека од 15 до 30 минути
-
Роналдо бара засилување од клубот
-
Пожарот околу Преспанско езеро е ставен под целосна контрола