Реконструирани улици во гостиварска Лакавица
Во гостиварското село Лакавица се реконструирани четири улици за што се инвестирани 2 милиони 635 илјади денари, средства обезбедени од буџетот на општина Гостивар.
Гостиварскиот градоначалник, кој денеска беше во посета на селото Лакавица, најави дека и во следниот период ќе продолжат инфраструктурните зафати со цел да се овозможат подобри услови за живот.
- Реконструкцијата и поплочувањето на овие улици беше барање на месното население и тоа го овозможивме. Јас сум задоволен од сработеното. Инаку, ова село е блиску до градот и сметам дека со вакви инфраструктурни зафати и инвестиции ќе се придонесе за помала миграција од село во град. Жителите ќе добијат услови слични на градските и нема да имаат потреба да се селат во град, истакна Бејта.
Според претседателот на месната заедница Биљал Биљали, реконструкцијата на улиците е почеток на соработката меѓу локалната заедница и општина Гостивар, која, како што рече, сега е на соодветно ниво.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата