Реконструирана водоводна и канализациска мрежа на улицата „Вардарска“ во Штип
Штипското комунално претпријатие „Исар“ реконструраше околу 1.000 метри водоводна, канализациска и атмосферска мрежа на дел од улицата „Вардарска“, која е една од најфреквентните сообраќајници во градот.Претпријатието инвестираше околу три милиони денари.
- Не очекуваме веќе дефекти, затоа што мрежата комплетно ја сменивме на овие 1000 метри и се е ново. Сите граѓани овде си направија свои нови пруиклучоци, што значи ќе имаат и зголемен притисок на вода, изјави Ангел Бојаџиев, директор на ЈП „Исар“.
Портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов, информираше дека градежната фирма „Коле Транс иненеринг“ од наредната недела ќе почне со асфалтирање на делот од улицата „Врадарска“ на кој е реконструирана водоводната, канализациска и атмосферска мрежа. За таа намена од буџетот на Општина Штип ќе бидат издвоени над четири милиони денари. Останатиот дел од улицата ќе се реконструира во наредната година.
Ново на Сител
-
Вонреден состанок на управувачкиот комитет за кризи поради пожарот во Трубарево
-
Тема на денот со доктор Злате Мехмедовиќ
-
Голем пожар во Трубарево
-
Граѓани на “Водно” бараат спас од загадувањето од депониите
-
На полноќ истекува рокот во ДИК за поднесување кандидатски листи
-
Владата планира целосно автопатско решение на Прилеп со изградба на автопат од Прилеп до Фариш преку Плетвар
-
Македонската текстилна индустрија во „Слободен пад“
-
Забрзано исчезнуваат големи количини вода од Преспанското езеро