Реконструирана улицата „Васко Карангелевски“ во Аеродром
Заврши реализацијата на првата фаза од проектот за реконструкција на улицата „Васко Карангелевски“ во Аеродром. Увид на реконструираната улица денеска извршија градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски и претседателот на Советот на Град Скопје Ирена Мишева.
- Во оваа фаза целосно го реконструиравме коловозот на улицата „Васко Карангелевски“, на потегот од крстосницата со булеварот „Јане Сандански“ до крстосницата со булеварот „АСНОМ“. Со овој градежен зафат во должина од 600 метри беше изгребан стариот и оштетен асфалт, беше вградена полимерна мрежа за засилување на носечкиот слој и беше нанесен нов асфалт, рече Трајановски. Додаде дека биле нивелирани 30 шахти и сливници, се извршила промена на рабниците и санација на тротоарите.
Градоначалникот Трајановски информира дека во тек се постапките и се изготвува соодветната документација и за реконструкцијата на булеварот „Февруарски поход“, на потегот од булеварот „Видое Смилевски Бато“ до булеварот „АСНОМ“.
Градоначалникот Коневски изрази благодарност за реализацијата на овој капитален проект и на многу други со кои, како што рече, уште еднаш се потврдува одличната соработка на Град Скопје и општина Аеродром. Според него, сите овие проекти се реализираат во насока на подобрување на квалитетот на живот на жителите на Аеродром.
На терен работеле екипите на градежната компанија „Пелагонија“ од Гостивар, а за овој градежен зафат Град Скопје вложи 7,8 милиони денари.
Ново на Сител
-
Крешник Бектеши се уште е на разговор во полициска станица Карпош
-
Најголем број од повредените од Кочани се во скопските клиники
-
Во тек се рочишта за пожарот во дискотеката во Кочани, се уште тече истрагата на ЈО
-
Се уште нема нови информации од информативниот разговор со Крешник Бектеши
-
Заклучена врата за излез во случај на опасност, слаба заштита и незаконски огномет - низа пропусти во клубот во Кочани
-
Пациенти од Штип и Кочани се пренесуваат на скопските клиники
-
Повеќе од 4 часа трае информативниот разговор со Крешник Бектеши
-
Повредените хоспитализирани во Скопје и земјите од регионот