Реконструиран воениот полигон Криволак - се подготвува најголемата вежба до сега
Kриволак добива ново лице. На армискиот полигон во тек е реконструкција на патната инфраструктура, а се инвестира и во објектите и полигоните за обука. Со ова Криволак се трансформира во современ домашен и НАТО капацитет, вели министерката за одбрана.
Според Шекеринска, инвестициите ќе бидат видливи веднаш.
“На полигонот Криволак оваа година ќе биде раздвижено како никогаш досега. Во 2022 предвидени се седум домашни и меѓународни вежби со вкупно 5200 војници”.
Најголемата од нив е планирана напролет.
Атрактивноста на Криволак ја препознаваат и американските инжинерци, кои го оценуваат како еден од најдобрите воени полигони во Европа.
Со реконструкцијата која почна минатата година реконструирани се над 30 км пат, се санираат објекти, Криволак добива и пречистителни станици, а до крајот на годината ќе се зголеми и сместувачкиот капацитет на полигонот.
-
Горан Симоновски
Сите содржини од овој новинар
