Реконструиран ликот на владетелка почината пред 1700 години
Научници од Перу успеале да го реконструираат ликот на женска мумија со помош на 3Д печатар.
Станува збор за мумија позната под името „Дамата од Као“, која починала пред 1700 години.
Нејзините сочуани посмртни остатоци се пронајдени во 2006 година во разурната пирамида во близина на Трухиљо.
„Дамата“ била погребана со круна на главата и златни и бакарни предмети, па се претпоставува дека била локална владетелка или свештеничка.
Аутопсијата покажала дека таа била на возраст од над 20 години кога починала, најверојатно за време на породувањето или поради компликации во бременоста.
Нејзините нозе и лице се тетовирани со магични симболи на змија и пајак.
Ова откритие го побива верувањето дека во древниот Перу само мажите имале високи функции.
- Ние имаме привилегија да ја објавиме оваа чудна комбинација на иднината и минатото. Технолијата ни овозможи да го видиме лицето на политички или верски лидер, изјави перуанскиот министер за култура, Салвадор дел Солар.
Ново на Сител
-
Мицкоски за утрешната посета на Кошта: Ќе ги пренесеме нашите ставови во врска со уставните измени
-
Поранешен началник на Одделение за лично обезбедување на министри лажирал работни часови на вработени
-
Трамп: Не знам дали Путин ќе дојде на преговорите во Турција
-
Кривична против кумановка која го терала своето дете да питачи
-
Малолетен пешак прегазен во Скопје
-
Утре и во петок обилни врнежи од дожд, засилен ветер и заладување, на повисоките планини снег
-
Турската полиција приведе 97 студенти кои протестираа против исламски проповедник
-
Папата Лав Четиринаесетти е подготвен да посредува меѓу завојуваните земји во светот