Реконструиран дел од улицата „Кирил и Методиј“, што води кон стариот дел на Охрид
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески денеска го пушти во употреба реконструираниот дел од улицата „Мирил и Методиј“, што сообраќајно го поврзува центарот со старото градско јадро.
Во рамки на проектот на општината за реконструкција на улиците и потпорните ѕидови во стариот дел од градот, улицата е проширена, а во должина од 450 метри е поставен и нов асфалт.
- Овој пат повеќе од дваесеттина години не бил реконструиран, освен во долниот дел. Тоа го бараа и жителите од овој дел од градот и ние како одговорна локална власт имаме обврска да одговориме на нивните потреби. Патот беше ставен во програмата на Секторот за комунален развој и еве денеска ја означуваме реализацијата на првиот дел од проектот, рече Бакрачески.
Финансиската конструкција на проектот изнесува 2 милиони и 400.000 денари, а изведувач е акционерското друштво „Илинден“ од Струга.
Од локалната самоуправа информираат дека реализацијата на проектот продолжува и во наредниот период и најавуваат оти до почетокот на летната сезона ќе бидат реконструирани и останатите улички и оштетени потпорни ѕидови во стариот дел од градот.
Ново на Сител
-
Челси по пресврт до титулата во Лигата на Конференциите
-
Рубио: САД ќе почнат да ги поништуваат визите за кинеските студенти
-
Федерален суд во САД ги блокираше царините наметнати од Трамп, тој веќе поднесе жалба на судската одлука
-
Маск потврди дека ја напушта администрацијата на Трамп
-
Трајко Славески е новиот гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија
-
Собранието ќе одржи седница за пратенички прашања
-
Во дигиталната судница во Идризово почнува судењето за „Адитив“
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд