Реклама остра како жилет
![]()
Во новиот спот се зборува за сите лоши однесувања за кои општеството знае да пише оправдување дека се нормални зашто се едноставно – машки. Булинг, насилство, сексуално злоставување. Сите тие “наивни“ секојдневни шеги, закачки или испади. И од брендот прашуваат, дали тоа е најдобрата верзија на мажот? Тие порачуваат дека само со поставувањето на предизвикот кон самите себе да правиме повеќе, ќе можеме да се приближиме на нашата најдобра верзија. Да ги кажуваме правите нешта и да се однесуваме на вистинскиот начин. Тие повикуваат на акција преку платформата http://www.thebestmencanbe.org.
Но, додека за голем дел потрошувачи, а посебно за припадничките на женскиот пол, оваа кампања е вистинско освежување на 21 век, за друга група претставува погрешен чекор.
Референцата кон движењето #MeToo, како и зборувањето за “токсична маженественост“ беше пречекана на нож од активистите за машки права.
Дел од потрошувачите се чувствувале навредени или како да им се напаѓа машкоста, или пак едноставно сакаат „политиката да се држи настрана од нивната пена за бричење“, па прогласија и повикаа на бојкот на брендот.
Сепак, ние сакаме да веруваме дека главната порака на спотот кој учи дека денешните момчиња ќе бидат утрешните мажи и треба да ги учиме на најдобрата верзија на еден маж, ќе донесе повеќе бенефит, отколку штета на брендот.
Ново на Сител
-

Лафчиски на состанокот на Воениот комитет на НАТО во Брисел
-

Силекс и Шкендија во борба за Купот на Македонија на арената „Тодор Проески“
-

Сиљановска-Давкова: Македонија не бега од вето, но тоа да биде поврзано со Kопенхашките критериуми, а не со идентитетските прашања
-

ФФМ покрена дисциплинска постапка против Вардар за недоличната прослава на титулата
-

Два големи шумски пожари горат во јужна Калифорнија
-

Илон Маск ја загуби тужбата против „ОпенАИ“ и извршниот директор Сем Алтман
-

Македонец шверцувал 850 грама златна плочка во кондура на Богородица | ФОТО
-

Ешбурн, град што го поврзува светот
