Бизнис
11. January 2021 - 16:57

Реканскиот крај доби струја

По 20 часа во темница, жителите на Дебар и околните места добија струја. Дефектот на едниот далновод бил саниран рано утринава, на другиот сè уште се работи. Од МЕПСО велат дека проблемите кои настанале поради невремето биле големи,  а санирањето на дефектот одело тешко поради лошиот терен.

И покрај тоа што и за следните денови се најавуваат врнежи и ниски темепратури, од Мепсо се надеваат дека повторно нема да има проблеми со снабдувањето во овој  регион.

Жителите на Дебар и околината останаа без електрична енергија од вчера во 10 часот наутро. До проблем дошло откако паднато  дрво предизвика  дефект на далноводите кај  Маврово и Глобочица, двете места од каде ова население се снабдува со струја.

Засега немаат пријави за прекин во снабдувањето  со електирчна енергија во други региони. Од Мепсо  велат  дека состојбата постојано се следи.