Река : Никој не може да ги присили Албанците да гласаат против својата волја
Вечерва претседателскиот кандидат, проф. Блерим Река, ја продолжи својата кампања во Теарце, каде што беа присутни стотици граѓани. За време на митингот, претседателскиот кандидат, проф. Река беше придружен и од страна на лидерот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села и лидерот на движењето Беса, Билал Касами.
Лидерот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села за време на митингот рече дека е тешко да се зборува кога луѓето ги убедувале, дека се е очигледно во врска со оваа работа, кога станува збор за идниот претседател на Република Северна Македонија; Албанците гласаат за Албанец.
„Никогаш не сум рекол дека арнаутите гласаат за Македонците. Реков дека на сите Албанци на кои сеуште крвта не им стана вода ќе гласаат за Бљерим Река. Ние сме тука да им кажеме на сите Албанци дека ако другите партии, ги повикуваат нивните членови да гласаат за кандидатот Македонец, или како што се знае кандидатот на СДСМ, всушност се обидуваат да ги убедат Албанците да гласаат за некој кој не е Албанец“, истакна Села.
Меѓу другото, лидерот на движењето Беса, Билал Касами истакна дека кога професорот Река одлучи да се кандидира, ние воопшто не се двоумевме за да му дадеме поддршка на неговата кандидатурата.
„Професор Блерим Река нè направи горди затоа што имаме кандидат Албанец и ова е историскиа пресвртница. ВМРО, јавно рекоа дека не ги сакаат албанските гласови, а СДСМ вели ве сакаме но како Македонци. Проф. Река ни даде можност да им кажеме не на овие неправди„, истакна Касами.Река продолжи со изразување благодарност за масовното присуство и дека се чувствува многу почитуван од жителите на Теарце. Заедно го започнавме ова патување и на 21-ви април ќе излеземе каkо победници. Албанската свест напредувала и денес никој не може да ги присили Албанците да гласаат против својата волја„, заокружи Река.
Канцеларија за комуникации на претседателскиот кандидат Блерим Река
Ново на Сител
-
Куманово: 20-годишник приведен за непочитување на наредба на ненајавен собир по повод Денот на албанското знаме
-
Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување за поранешен директор на ЈЗУ Здравствен дом -Македонски Брод
-
Гаши: Газењето на туѓо знаме е спротивно на државните интереси
-
Во неговиот дом во Велес утрово мртов пронајден 43 годишен маж
-
Курти: Сите одлуки во надворешната политика ги носам во договор со Османи, Коњуфца и Гервала
-
Од понеделник почнува имплементација на планот за справување со корупцијата во правосудството, најави премиерот
-
Соработката на Министерството за локална самоуправа и Мировниот корпус на САД потврдена со потпишување на Меморандум
-
Мицкоски: Владата ќе одговори жестоко на сите провокации и обиди да се дестабилизира мирот и безбедноста во државата