Кошарка
21. September 2015 - 18:55

Рејес дел од кошаркарската историја

Репрезентацијата на Шпанија го освои третото злато на европските првенства и интересно еден од играчите, Фелипе Рејес учествуваше во освојувањето на сите три титули на Фуријата со која освои и злато на СП 2006г. 

Рејес со 35 години  и 188 дена го сруши рекордот на Сергеј Белов и сега е највозрасниот освојувач на светска титула. 
Шпанскиот ветеран е првиот кошаркар кој во една иста година освоил пет трофеи. Четири со Реал Мадрид и еден со националниот тим. 
Рејес е роден во Кордоба и со Реал има четири шампионски титули во Шпанија а оваа сезона освои и европска клубска титула.