Рехабилитација на ски центарот Пониква
Општина Кочани на последната седница на Советот на општината донесе одлука за сопствено учество во проектот „Рехабилитација на ски-центар Пониква“, кој ќе биде аплициран во партнерство на општините Кочани и Пробиштип.
- Со одлуката која ја донесовме на последната седница на Советот, се дава согласност на општина Кочани да учествува во проектот „Рехабилитација на ски-центар Пониква” со кофинансирање во износ од 5 проценти од вкупната одобрена вредност на под-грантот. Овој проект ќе биде аплициран од страна на општина Кочани во партнерство со општина Пробиштип до Проектот за локална и регионална конкурентност за добивање на средства од Повикот за изразување на интерес - Инвестиции на под-грантови во инфраструктура поврзана со туризмот и поврзувања во дестинациите LRCP-1/17, изјави градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски.
Средствата потребни за реализација на проектот, истакнува Димитровски, ќе бидат обезбедени од буџетот на општина Кочани.
Инаку финансирањето на заеднички прокети на општините Кочани и Пробиштип се реализира неколку години наназад, се со цел Пониква и Осоговските планини да станат достапна туристичка дестинација во текот на целата календарска година.
Ново на Сител
-
„Тинекс“ - 30 години успешно работење и постојана инвестиција во развој и иновации
-
Уапсени две лица на натпреварот Франција – Израел
-
76-годишна скопјанка измамена од Ганец, во повеќе наврати му праќала 8.000 евра и телефони
-
АТП го казни Тиафо со 120.000 долари поради пцуење судија
-
Денеска последната супермесечина за оваа година
-
Кирјос по двегодишна пауза се враќа на тенискиот терен
-
Фалкао најдобар колумбиски стрелец во историјата
-
Лазаров го објави поширокиот список ракометари за Светско првенство